Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ освои фантастичен поен, па му испрати бакнеж на Кирјос (ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ ја оствари посакуваната цел и избори место во полуфиналето на првиот грен слем за оваа календарарска година Австралија Опен.

Србинот во денешното четвртфинале го совлада Тејлор Фриц со 3-1 во сетови во средба која траеше скоро четири часа. Првиот носител имаше проблеми со Американецот, не успеваше докрај да го пробие со оглед на тоа што му беа потребни дури 16 топки за да дојде до брејк и му го одземе сервисот.

Ѓоковиќ долго време го пробиваше Фриц, па проработи за 11. полуфинале во Мелбурн (ВИДЕО)

Меѓутоа Ѓоковиќ е Ѓоковиќ, со своето искуство, квалитет знае да пронајде решение и дојде до тоа што го посакува. Ноле е познат и како голем шоумен, па така откако добие еден тежок поен во тај-брејкот во првиот сет го стави прстот на уво, а потоа и му испрати бакнеж на Ник Кирјос кој го коментираше натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни