Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ долго време го пробиваше Фриц, па проработи за 11. полуфинале во Мелбурн (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на овогодишеното издание на Аустралијан Опен, место кое го обезбеди откако излезе како победник од пресметката со Тејлор Фриц.

Скоро четири часа Србинот и Американецот се надмудруваа, разменуваа удари на арената „Род Лејвер“ во Мелбурн, а и овојпат како поуспешен се покажа првиот светски рекет кој славеше со 3-1 во сетови со 7:6 (3), 4:6, 6:2, 6:3.

На Ѓоковиќ му беше потребно време да го пробие противникот, иако беа во ситуација тоа да го направи, но пропушти дури 15 брејк топки што е навистина неверојатно со оглед на квалитетот, искуство, знаењето на Србинот. Меѓутоа откако еднаш му го одзема сервисот на Фриц беше се полесно и потоа му одржа лекција за 11. полуфинале на овој грен слем турнир или вкупно 94 победа.

Ноле никогаш нема загубено полуфинале или финале на АО што доволно говори дека неговиот следен противник/противници ќе имаат исклучително тешка задача да го турнат од тронот, врвот.

Нареден ривал ќе му биде подобриот од дуелот Синер-Рубљов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни