Поврзете се со нас

Англија

„Ѓаволите“ срушија неколку неславни рекорди, а против Сити стигнаа и до еден навистина срамен податок

Објавено

на

„Ѓаволите“ срушија неколку неславни рекорди, а против Сити стигнаа и до еден навистина срамен податок
Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз, овојпат од градскиот ривал Манчестер Сити кој на „Олд Трафорд“ победи со 2:0.

Резултатот можеби не покажува толку, но играта на Манчестер Јунајтед и на вчерашниот натпревар беше далеку под нивото за клуб кој толку многу потроши на трансфер пазарот изминативе години.

„Ѓаволите“ под водство на Оле Гунар Солскјер почнаа да нижат само неславни рекорди, а на вчерашниот натпревар срушија два такви.

Имено, за прв пат по 1989 година клубот загубил осум домашни натпревари во една натпреварувачка година, а Јунајтед не успеал да ја зачува мрежата во последните 14 домашни натпревари, што е втора најлоша одбрана во историјата на клубот.

Единствено полоши биле играчите од далечната 1958. година кога на 21 натпревар со ред на домашно тло примале погодоци.

За работата да биде уште полоша и посрамна се погрижија Ерик Баи и Виктор Линделоф. Стоперите на Манчестер Јунајтед два пати шутираа кон својот гол, а топката која се одби од Баи заврши зад грбот на Де Хеа.

Податокот е срамен затоа што Манчестер Јунајтед вчера имаше повеќе удари кон својот гол отколку кон противничкиот на Едерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни