Поврзете се со нас

НБА

Генијална финта на Јокиќ: „Врзуваше“ врвки за да купи време за тренерот Мелоун (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ постојано е топ тема на медиумите поради одличните настапи во НБА и сезонава, а последниве 24 часа вирална стана една сцена од последниот дуел на Денвер со Бостон.

Актуелниот шампион го доби дербито со екипата со најдобар скор сезонава, а на социјалните мрежи хит е моментот во кој стручниот штаб на Денвер требаше да донесе одлука дали да побара челинџ за една судиска одлука.

Јокиќ и соиграчите бараа такво нешто, а Србинот реши да помогне застанувајќи до еден од судиите и наводно врзувајќи ги врвките. Со ова центарот на Денвер купи неколку скапоцени секунди во кои тренерот Мајк Мелоун ја изгледа повторената снимка и на крајот успеа да побара челинџ.

Интересниот момент се случи во третиот период, до крајот Денвер стигна до победата, а Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл учинок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни