Поврзете се со нас

Македонија

Газдата на турски великан сака да го купи Вардар како своја филијала!?

Објавено

на

Вардар доживеа финансиски колапс и тоа резултираше со фудаблски егзодус во првиот тим и испаѓање во Втората фудаблска лига, па во моменти кога Сергеј Самсоненко и Градот Скопје ја префрлуваат топката за тоа кој е главниот виновник, денеска во Турција се појави една сензационална вест која одекна како бомба во нашата спортска јавност.

Угледните турски медиуми и познатиот весник „Фанатик“ ја пренесоа информацијата за желбата која ја има газдата на Фенербахче, познатиот Али Коџ кој пред извесно време им најавил на новинарите од оваа земја дека сака да купи клуб кој ќе го користи како подружница за турскиот фудбалски гигант.

Медиумите денеска пренесуваат дека Али Коџ го избрал Вардар како идеален клуб за реализирање на својата идеја, а негова цел е Вардар како филијала на Фенербахче да добие сериозни засилувања од Турција и брзо да се врати во првата лига и во самата елита на македонскиот фудбал.

Фенербахче е познат како клуб кој носи големи фудбалски гиганти од различни страни ширум светот и многумина доста често не добиваат шанса во првиот тим, па Коџ го пикирал Вардар како клуб кој може да има голема придобивка од неговата идеја за давање шанса на млади и перспективни фудбалери за докажување во Македонија.

„Фанатик“ во својата вест потенцира дека Коџ веќе остварил контакт за преземање на најголем дел од акциите во Вардар, па иако беше најавено дека Слободан Крстевски е нов газда на Вардар, новите информации од Турција предизвикаа многу реакции во македонската јавност и сигурно ќе се побараат подетални одговори на оваа тема во наредните неколку дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни