Поврзете се со нас

Свет

Флик ветува подобри резултати: Имаме план, почнува нова фаза за Германија

Објавено

на

Германија ќе биде домаќин на наредното Европско првенство во 2024 година, а како таков големи се очекувањата на фудбалската, спорската јавност во таа земја.

Меѓутоа националниот тим е далеку од посакуваното ниво, резултатите не се позитивни и се поголем е притисокот врз селекторот Ханси Флик кој засега не ја донеса посакуваната промена која се очекуваше.

Германија беше елиминирана во раната фаза на Светското првенство и уште еден таков удар на голем турнир на свое тло ќе биде премногу за еден европски, светки гигант. Пред „панцирите“ се пријателски средби со Јапонија и Франција, а Флик уверува дека се ќе биде како што треба, поточно дека има план кој ќе профункционира.

-Позитивен сум, имаме план и можам да ветам дека сме добро подготвени.Во изминатите неколку недели патував кај многу играчи, разговаравме за иднината, какви се моите очекувања, кои улоги треба да ги исполнат играчите. Разговорите ми даваат увереност дека тимот разбра што следува и тоа е клучно за мене. Имаше пресврт, почна нова фаза. Отсега сакаме да го внесеме главниот тим во игра, -порача стратегот кој е на сегашната функција од 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни