Поврзете се со нас

Англија

Емери и Вилјареал ја донеле конечната одлука за понудата на Њукасл

Објавено

на

Унај Емери имаше шанса да се врати во Премиер лигата, овој пат на клупата на Њукасл, но оваа опција полека станува нереална.

Шпанскиот стручњак вчера признал дека има интерес за него од новите сопственици на Њукасл, но дека одлуката ќе ја донесе откако ќе стигне понуда и заедно со раководството на Вилјареал.

„Марка“ тврди дека синоќа во еден часот по полноќ, Емери имал искрен разговор со претседателот на Вилјареал, Фернандо Роиг и тој побарал од него да остане во шпанскиот клуб по секоја цена.

Емери бил убеден од Роиг дека и натаму има амбиции за реализирање со „жолтата подморница“, па тренерот официјално пресекол дека нема да прифати понуда од Њукасл.

Тренерот има откупна клаузула во својот договор, но очигледно е дека не сака да го изневери раководството и фановите на актуелниот тим, па Њукасл од денеска ќе се фокусира на други тренери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни