Поврзете се со нас

Англија

Експресен отказ на полноќ: Астон Вила со кратко соопштение го „шутна“ Џерард, очајната статистика во прв план (Фото)

Објавено

на

Англиските медиуми открија дека Стивен Џерард има два меча за да си ја спаси работата на „Вила парк“, но првиот од двата натпревари кои беа поставени како ултиматум се покажа како кобен за легендарниот капитен на Ливерпул.

Неполни 11 месеци откако пристигна во Бирминген, Стиви Џи доби отказ од управата на Астон Вила, откако водечките луѓе проценија дека последниот пораз од Фулам ја прелива чашата.

Астон Вила загуби на гостувањето во Лондон со 3:0 и уште еднаш се прикажа во катастрофално издание, што беше причина Џерард да заработи експресен отказ уште на полноќ.

Клубот со кратко соопштение го „шутна“ Џерард и му се заблагодари за трудот и вложениот напор, но реалноста е дека фановите нема по добро да го паметат неговиот престој во клубот.

На 39 натпревари како менаџер на Астон Вила, поранешниот играч за врска претрпе дури 19 порази, победи само 12 пати, а имаше уште осум реми средби. Статистиката вели дека имал полош процент на победи и од оној очајниот на Гери Невил во Валенсија, односно статистичарите утврдија дека победил само на 30,8 проценти од натпреварите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни