Поврзете се со нас

Англија

Екс капитен на Манчестер Јунајтед со критики до Рангник: Зошто Роналдо?

Објавено

на

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Пол Инс испрати критики на адреса на привремениот тренер на „ѓаволите“, Ралф Рангник.

Причината беше тоа што Рангник за натпреварот со Вулверхемптон се одлучи како капитен да го стави Кристијано Роналдо, нешто што според Инс било погрешно.

Некогашниот играч на „ѓаволите“ посочи дека Скот Мектомини требало да ја носи капитенската лента на овој натпревар во отсуство на стандардниот капитен, Хари Мегваер.

– Ако бев Ралф Рангник ќе му ја дадев капитенската лента на Скот Мектомини. Мислам дека капитените треба да бидат избирани на основа на нивните настапи на теренот.

– Тој има 25 години, ќе биде добро школо за него. Сега не знам зошто го избра Роналдо кога сите зборуваат дека тој веднаш си оди од теренот кога Манчестер Јунајтед ќе биде поразен и не ги отпоздравува фановите.

– Со капитенската лента се поставува и пример, а јас мислам дека според начинот на кој тој игра во моментов, дефинитивно го заслужи тоа, -јасен беше Пол Инс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни