Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски го остави Рајо во игра, Реал на неверојатен начин се спаси од шок во 91. минута (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид одново не блескаше на еден натпревар на домашниот „Сантијаго Бернабеу“, па на крајот многу лесно можеше да остане без планираните три бода, до кои стигна благодарение на едно неверојатно промашување на гостите.

Во малото градско дерби во шпанската престолнина, Рајо се покажа како навистина цврст орев, без оглед на тоа што губеше со 2:0 и што мораше да се брани од налетите на домашните фудбалери на стартот на вториот дел.

И покрај негативата од првиот дел по головите на Крос и Бензема, Столе Димитриевски и соиграчите не се откажаа во ниту еден момент, дури и кога Реал беше блиску до трет гол, иако не брилјираше со прикажаната игра.

Столе го остави Рајо во игра на стартот на второто полувреме кога одлично реагираше во дуелот со Асенсио, а за драма во завршницата се погрижи искусниот Радамел Фалкао.

Ветеранот погоди за 2:1 во 77-та минута, но набрзо после тоа беше изваден поради повредата на која се пожали. И без него на теренот, Рајо на секој начин се обиде да дојде до шок на „Бернабеу“ и израмнувње, а најблиску до тоа беше во 91-та минута кога навистина нестварно и неверојатно е како играчите на Рајо не ја сместија топката во голот.

Крос интервенираше на гол линијата, а потоа одбрани и Тибо Куртоа во последниот обид на гостите да стигнат до израмнување во дуелот против фаворитот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни