Поврзете се со нас

Италија

Дијаз се претплати да дава евроголови: Имресивниот слалом на Брахим против Монца (Видео)

Објавено

на

Брахим Дијаз цела мината натпреварувачка сезона постигна само три гола, а сега потребни му беа само девет натпревари за да ја надмине оваа бројка и да стигне до четири погодоци.

Офанзивниот фудбалер кој пристигна од Реал Мадрид се претплати да дава евроголови во последно време, бидејќи по оној извонредниот против Јувентус, сега режираше нов импресивен слалом.

„Десетката“ на Милан ја започна соло-акцијата со извонреден прием по додавање од голманот Татарушану, а потоа тргна како брз воз и не застана се додека не ја затресе мрежата на Монца.

Ова се случи во 16-та минута од мечот, а на четири минути пред крајот на првиот дел со својот втор гол денеска зголеми на 2:0.

Асистент при вториот гол беше Ориги, но и при втората реализација, Брахим само покажа дека има огромна самодоверба и дека игра во најдобра форма откако пристигна во Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни