Поврзете се со нас

Италија

Данило за потценувањето на Јувентус: Навистина не разбирам…

Објавено

на

Јувентус доживеа пораз од Пари Сен Жермен со 2-1 во дербито во групата Х во Лигата на шампионите.

Многумина предвреме ги отпишаа „бјанконерите“ и очекуваа убедлива победа на „светците“, меѓутоа избраниците на Масимилијано Алегри машки се бореа, па иако загубија ќе можат да извлечат позитивни работи од овој меч против еден од најсилните екипи во Европа и тоа на негов терен во Париз.

Данило ги одигра сите 90 минути на „Паркот на принцовите“, а по истиот даде искрена и директна изјава за сите оние кои го потценија Јувентус и очекуваа едноставно да биде прегазен од францускиот првак.

-Се прашувам зошто ова требаше да биде лесен натпревар за ПСЖ. Не го разбирам ова прашање, ние работиме напорно секој ден за да победуваме. Знаеме дека одигравме под нивото кое се бара од Јувентус на последниот натпревар во Фиренца. Денеска освен во воведните 20 минути, докажавме дека имаме карактер и квалитет.

-Мора да научиме веднаш, од следниот натпревар, од првата минута. Треба да излеземе таму и да победиме, -порача Данило.

Јувентус следните два натпревари ги игра дома, прво ќе ја пречека Салернитана, а потоа Бенфика во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни