Поврзете се со нас

Англија

Челси ја потврди лошата вест: Нкунку имал операција за да го санира проблемот со коленото

Објавено

на

Екипата на Челси објави лоши вести пред самиот старт на новата сезона во Премиер лигата, вест која се однесува на големото засилување Кристофер Нкунку.

Нкунку се повреди на пријателската средба против Борусија Дортмунд со што се вклучи алармот во таборот на премиерлигашот иако никој не очекуваше дека се работи за проблем од потешка природа.

Медиумите во меѓувреме најавија дека офанзиевцот ќе биде во „аут“ неколку недели за да сега Челси ја информа јавноста дека играчот морал да оди под нож за да го санира проблемот со коленото.

Сега ќе го започне процесот на рехабилитација кој ќе трае подолго време. „Сините“ не открија дополнителни детали околу паузата, но медиумите пренесуваат дека истата може да биде и 16 седмици што секако е голем удар за Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни