Поврзете се со нас

Шпанија

Чави омекна кон судиите: Вообичаено има баланс

Објавено

на

Барселона се најде во негативен период, во кој е пред елиминација од Лигата на шампионите, а го загуби и „Ел Класико“ дуелот со Реал Мадрид.

На денешната прес-конференција, тренерот Чави го најавил дуелот со Вилјареал, а тема на пресот повторно биле и судиите.

Чави и Барселона протестираа жестоко откако не им беше досуден пенал на првото соочување со Интер во Милано, но тренерот сега вели дека нема поента да критикува и ќе очекува индиректен баланс на грешките.

– Протестирав и зборував многу за судиите по дуелот со Интер, но тоа не даде никакви резултати.

– На крајот на денот, мора да размислуваме дека судиите се чесни, мислам дека на крајот на сезоната има некаков баланс меѓу грешките против и во ваша корист. Ќе видиме дали ќе биде така и овојпат, – рекол Чави.

Барселона го пречекува Вилјареал во дербито на Ла Лига утре од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни