Поврзете се со нас

Италија

Бентанкур откри како дознал за трансферот во Северен Лондон: Тотенхем не ми беше во плановите

Објавено

на

Родриго Бентанкур во последните денови од трансфер периодот реализираше неочекуван трансфер од Јувентус во редовите на Тотенхем.

Дека трансферот е изненадувачки говори и последната изјава на самиот фудбалер кој потврди дека и тој бил изненаден и не очекувал да си оди од Јувентус во зимскиот преоден рок.

За трансферот дознал додека бил на репрезентативни обврски со Уругвај и немал многу време да размислува дали да ја прифати понудата.

– Целата работа се случи кога бев на интернационална должност, не очекував таква разврска. Беше изненадувачки за мене затоа што Тотенхем не беше во моите планови. Но, сега сум среќен овде, -изјави Бентанкур кој потоа повлече паралела меѓу италијанскиот и англискиот фудбал.

– Без сомнеж има разлика во брзината на играта и физичкиот стил на игра, судиите не дуваат во свирчето доста често, па се игра без многу прекини.

– Засега ми оди добро, но знам дека треба да бидам уште подобар. Мојата цел е да напредувам од ден на ден, да го давам максимумот и да им помогнам на соиграчите да обезбедиме место меѓу четирите најдобри и да дојдеме до Лигата на шамионите, -изјави Бентанкур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни