Поврзете се со нас

Шпанија

Балде донел конечна одлука за начинот на кој ќе ја санира повредата

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона цела сезона има проблеми со повредите на дел од своите важни фудбалери, а од неодамна надвор од стројот е и Алехандро Балде.

Специфичниот карактер на повредата го доведе самиот фудбалер, но и неговите најблиски соработници и клубот пред дилема дали да се одлучи за оперативен зафат или друг пристап за процесот на рехабилитација, а шпанските медиуми тврдат дека Балде веќе се одлучил за првата опција.

Тоа подразбира дека сезоната за Балде е завршена, а со тоа левиот бек веројатно ќе си ја елиминира и шансата да настапува за Шпанија на Европското првенство во Германија.

Конзервативниот метод на лекување ќе му овозможеше на 20-годишниот играч да се врати на терените побрзо, но со себе носи ризик за брзо повторување на истиот проблем.

Тренерот Чави Ернандес покрај тоа што нема да може да смета на Балде, околу две недели во комбинација ќе го нема и Серхи Роберто, а повредени се и Тер Штеген, Гави, Рафиња и Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни