Поврзете се со нас

Англија

Артета категорично отфрли ангажман на еден играч од средниот ред

Објавено

на

Микел Артета во текот на вчерашниот ден истакна дека Арсенал е многу „тенок“ на позицијата играч за врска, па најави дека во јануари ќе се засилат со некој играч.

Дел од медиумите веднаш побрзаа да напишат дека тоа ќе биде 30 годишниот Џек Вилшер кој би добил краткорочен договор со Арсенал, но таа вест брзо беше демантирана од Артета.

Вилшер ја одржуваше формата тренирајќи со првиот тим на Арсенал, меѓутоа нема шанса тој да потпише договор со неговиот поранешен клуб.

– И претходно бев многу јасен со ситуацијата околу Џек и улогата која ќе ја има меѓу нас и ние продолжуваме на истиот пат. Нема да има никаков договор, -јасен беше Артета.

Џек Вилшер чека понуда од другите клубови кои би можеле да го ангажираат, а многу е веројатно дека тој кариерата ќе ја продолжи во Чемпионшип лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни