Поврзете се со нас

Свет

Анри: Гвардиола ми ги отвори очите

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Тјери Анри полека се подготвува за посериозен тренерски ангажман, а привремено работи и како стручен коментатор за неколку реномирани медиуми.

Француската легенда во последното интервју зборувал за своето фудбалско минато и посебно за начинот на кој Пеп Гвардиола имал влијание врз неговите фудбалски сфаќања.

– Да бидеш тренер значи да успееш да ги направиш своите фудбалери подобри и попаметни, да ги научиш да го разбираат фудбалот подобро.

– Земете го Гвардиола за пример. Мислев дека го разбирам фудбалот, но кога заминав во Барселона, помислував од каде ги вади работите за кои зборува.

– Кога направив трансфер во Арсенал, Арсен Венгер ми го активираше мозокот и го извлеков се она што дотогаш го имав научено, но Гвардиола ми ги отвори очите. Направи да прифатам дека притисокот делува позитивно на фудбалерите.

– Иако напаѓачите не сакаат да играат пресинг, под негово водство напредував и стигнав до ниво да сакам да ги притискам противничките фудбалери, – изјавил Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни