Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Ризикував со облогот, но нема подобар модерен играч од него

Објавено

на

Карло Анчелоти мирно и трпеливо гледаше нова сигурна победа на Реал Мадрид, која можеше да биде и уште повисока од конечните 0:3 ако не стапеше на сцена видео-технологијата.

Во триумфот од 0:3 на гостувањето кај Елче, ВАР системот му поништи три гола на Реал Мадрид, но сепак останатите три беа регуларни и Реал продолжи да реди победи во домашното првенство.

Последниот гол го постигна Марко Асенсио, додека Карим Бензема и Феде Валверде продолжија онаму кадешто застанаа на „Ел Класико“, со тоа што погодокот на Уругваецот беше тема на разговор по крајот на мечот.

Валверде стигна до шестиот гол оваа сезона и му преостануваат уште само четири за да го исполни типот на Карло Анчелоти, кој интересно се обложи дека младиот играч за врска ќе постигне најмалку десет погодоци до крајот на кампањата. Дон Карло испрати интересни зборови и порача дека ќе си ја искине тренерската лиценца доколку Феде не дојде до двоцифрен број на погодоци, па иако сега вели дека ризикувал со облогот, додава дека во овој момент нема подобар модерен играч за врска од неговиот Валверде.

– Ризикував со тоа што се обложив на десет гола. Но, гледаме дека добро му оди, потребни се уште четири гола и мојата тренерска лиценца ќе остане недопрена.

– Феде е играчот кој најмногу ме изненадува оваа сезона, бидејќи прави се добро во одбрана и во напад. Ако замислувате модерен централент играч за врска, во моментов може да го гледате само Валверде, нема подобар од него, – вели Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни