Поврзете се со нас

Светски првенства

Американците се откажаа, Швајцарија ќе учествува на СП во Египет

Објавено

на

Американската ракометна репрезентација го следеше примерот на Чешка и поради големиот број заразени ракометари со коронавирусот, реши да се повлече од настапот на СП во Египет.

Американците го направија овој потег на еден ден пред почетокот на првенството, па покрај Македонија, настап како резерва ќе и биде овозможен и на репрезентацијата на Швајцарија.

Интернационалната ракометна федерација вечерва официјално информираше дека САД испратиле барање за повлекување од настапот на СП во Египет и веќе е испратена покана до втората резерва, репрезентацијата на Швајцарија.

Се очекува дека Швајцарците нема да ја испуштат оваа шанса и ќе се организираат за што побргу да пристигнат во Египет и да бидат дел од мундијалот, исто како и македонската репрезентација која ќе ја менува Чешка.

Швајцарија ќе биде во група со Франција, Австрија и Норвешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни