Поврзете се со нас

Италија

Алегри задоволен од последното засилување: Веднаш се гледа разликата во класа….

Објавено

на

Масимилијано Алегри може да биде позадоволен од сликата која ја остави неговиот тим во споредба со мечот во Фиренца, но сепак далеку поразачоран од резултатот во Париз.

Лошото отворање и двата брзо примени гола во првото полувреме се покажаа како преголем залак за Јувентус, иако Италијанците имаа шанси и при 1:0, а потоа и при 2:1 кога МекКени го врати тимот во игра.

Влаховиќ и Локатели ги имаа најголемите шанси за израмнување во вториот дел, па поради тоа, Алегри смета дека неговиот тим пропуштил голема шанса да се врати со поволен резултат од Париз.

– Си одиме дома со големо жалење. Тимот одигра добар натпревар вечерва, но се враќаме дома со жалење поради резултатот. Дефинитивно можеме да се подобриме, но овојпат пропуштивме шанса, имам такво чувство. Во првото полувреме бевме премногу нервозни, но се подобривме во второто. Душан Влаховиќ беше добар и опасен во нападот, но добри беа сите останати.

– На вакви натпревари, разликата се прави во моментите кога ја немате топката. Двата гола кои ги примивме, ги примивме поради неверојатната класа на Нејмар и Меси, но со подобро внимание, можевме да го спречиме тоа. Од друга страна, играч како Леандро Паредес веднаш доаѓа до израз, веднаш се гледа разликата, како ја сопира топката, како прави пауза и како размислува на теренот, – изјави Алегри, кој е задоволен од последното големо засилување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни