Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан збесна како никогаш досега: Кажи ми во лице дека сакаш да ме отпуштат! (Видео)

Објавено

на

Зинедин Зидан излезе од карантин и ја одржа првата прес-конференција по Ковид паузата од две седмици, но тоа го направи на навистина необичен начин, односно го крена гласот како никогаш претходно во дуелот со новинарите.

Зизу збесна како никогаш досега на еден официјален прес кога беше запрашан дали е „одмаздољубив кон новинарите“ поради сето она што се пишува за него во јавноста, по што сериозно го повиши тонот и застана во одбрана на сето она што го направија тој и тимот заедно, нагласувајќи ја последната титула во Примера која ја освоија минатата сезона.

– Дали си сериозен што зборуваш? Постојано пишувате дека сум пред заминување, а јас и моите играчи заслужуваме да се бориме фер како и сите останати. Минатата сезона ја освоивме титулата, ја освоивме ние, Реал Мадрид. Имаме право да се бориме до крај оваа сезона, треба да не оставите да го правиме тоа. Најмалку што треба да направите е да не оставите да се бориме оваа сезона. Титулата ја освоивме минатата сезона, не пред десет години, – изјави Зидан кој исто така најави можни големи промени по крајот на сезоната.

– Оставете не да ја довршиме сезоната, потоа можеби ќе бидеш во право ти и сите други кои пишувате за промени. Можеби навистина треба да има промени, но барам повеќе почит од јавноста. Вие кажувате многу работи, но треба да ми кажете во лице. Кажи во лице дека сакаш да ме отпуштат, а не со заобиколување, – бесно порача Зизу и додаде.

– Ако не бидам задоволен од тоа што сме го направиле, јас првиот ќе бидам кој ќе преземе одговорност по крајот на сезоната. Навистина сум лут, две недели бев во карантин и сега сакам да излезам и да докажам дека ќе се борам до крај на сезоната. Еден ден сум внатре, другиот надвор, постојано пишувате исти работи. Барам повеќе почит, мислам дека сите тука заслужуваме поголема почит од јавноста, – нагласи Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни