Поврзете се со нас

Автомобили

Втора генерација на Пежо 208 за повозбудлива иднина

Објавено

на

Француските автомобили се репер за шармери меѓу „љубимците на четири тркала“, па не е големо изненадување дека и најновиот претставник од семејното стебло со лавовски симбол игра на карта на визуелниот идентитет.

Малите автомобили на Пежо оставија белег во својот сегмент, почнувајќи од славната генерацијана 205 во осумдесеттите кога стекна глобална слава со учество на релито Париз – Дакар, додека на преминот од вториот кон третиот милениом неговиот наследник со ознака 206 уште еднаш покажа капацитет да биде светска икона со огромен комерцијален успех, освојувајќи ги пазарите вон Европа. На тој начин се трасираше патот за следбениците 207 и 208, при што последниот беше претствен во 2012 година.

Ставајќи акцент на славното минато, втората генерација на Пежо 208 доаѓа со промотивен слоган кој ветува разбивање на досадата во иднината. Секако дека таквиот печат носи големо бреме, но очигледно е дека и француската фабрика тргнува во нова офанзива каде што ќе се дефинираат автомобилите за кои минатото останува само една убава приказна. Деталите од лавовскиот имиџ повторно се тука, како дел од „семејните гени“, видливи во предни светла со форма на лавовски заби и задни светла како траг (гребаница) од канџата.

Кон робусноста на моделот во прилог оди фактот за поголемата должина од девет сантиметри, а подвозјето всушност е новата платформа со ознака СМР (Common Modular Platform). Најавата вели дека тоа треба да придонесе за уште подобро однесување на патот и подобар конфор за патниците. За прв пат во оваа класа на автомобили се овозможува инструмент табла со 3D и можност за холограмски приказ, гласовна команда и 10-инчен екран кој исто така прифаќа команди со допир.

Во новата генерација се уште се нудат бензиските трицилиндрични мотори со „PureTech“ ознака, кои нудат 75, 100 и 130 КС, притоа задоволувајќи Еуро 6 норми. На располагање има два мануелни менувачи со 5 и 6 степени на пренос, како и еден автоматски со 8 степени на пренос. Во понудата на дизел мотор тука е 1,5 литарскиот HDI со 4 цилиндри, 6 степен менувач и 100 КС. Засега нема хибрид, но во понудата има адаптивен темпомат со функција „Стоп & го“, и други елекртонски помошни системи.

При промоцијата на возилото за македонскиот пазар објавени се цените кои почнуваат од 12.990 за бензискиот модел со 75КС, а одат до 22.660 за извадбата со ознака GT Line“. Повеќе за ова возила ќе објавиме кога ќе ни биде озвоможено пробно возење.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни