Поврзете се со нас

Свет

Винисиус на крајот сепак доби повик од бразилскиот селектор Тите

Објавено

на

Винисиус игра одлично од почетокот на сезоната во дресот на Реал Мадрид, па шпанските медиуми очекувано беа изненадени кога не доби повик за настап во бразилската репрезентација.

Бразилците го продолжуваат настапот во мундијалските квалификации, но во последен момент стана јасно дека селекторот Тите сепак дополнително го повикал Винисиус.

Причина е повредата на Боби Фирмино, кој ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку еден месец, па токму Винисиус е првата замена за која се одлучил Тите.

Фудбалерот на Реал ќе им се приклучи на своите соиграчи Касемиро и Милитао на пат кон својата татковина, но за фановите и натаму останува неразјаснето прашањето како можело бразилскиот селектор да не го вклучи Винисиус во првично објавениот список.

Бразилците имаат добра позиција на табелата, но и две дерби средби пред себе, откако ќе играат против Колумбија и Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни