Свет
Венгер: Меси и Роналдо се на крајот, веќе се гледа нивниот наследник
Арсен Венгер останува актуелен во јавноста и покрај тоа што нема тренерски ангажман откако го напушти Арсенал, но во период кога нема можност да ги коментира најважните случувања во Лигата на шампионите како експерт за „БеИН Спортс“, искусниот Французин се огласи на една интересна тема за „Токспорт“.
Легендарниот менаџер на „топчиите“ долги години постојано го пратеше развојот на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но Венгер сега смета дека двете легенди се на крајот од својот пат и го посочи името кое го гледа како нивен наследник на тронот на фудбалот.
– Никогаш нема да видиме играч како Меси, играч кој може да биде толку креативен во толку тесни ситуации. За Роналдо важи тоа од друг аспект, но и двајцата веќе се пред својот крај, – порачува Венгер.
– Време е да се насочиме на новата генерација, а новата генерација може да биде француска. Во овој момент, лидер е Мбапе, тој се издвојува како наследник. Секако, тука е и Нејмар, но и неколку англиски фудбалери имаат добри шанси.
– Се промени времето во Англија. Сега почнаа добро да работат во младинските категории и затоа излегуваат толку добри млади играчи од оваа земја, – завршува Арсен.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот