Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го потврди првото големо засилување за следната сезона: Едвај чекам да дојдам во Скопје

Објавено

на

По серијата сериозни засилувања за новата натпреварувачка сезона од страна на Еурофарм Пелистер, Вардар ова попладне соопшти дека и во Скопје се работи и се планира наредната кампања, такашто стигна потврда за првиот звучен ангажман.

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте ставил потпис на едногодишен договор со Вардар и ќе остане во Скопје најмалку една година, со опција истиот да биде продолжен доколку клубот оцени дека ќе ги оправда очекувањата.

Цехте игра на позицијата десен бек и е соиграч на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски во тимот на Хановер.

– Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за нивото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме.

–  Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис, – вели Нејц Цехте за официјалната веб-страна на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни