Поврзете се со нас

Американски спортови

Урнебесно видео, Том Брејди во алкохолизирана состојба го фрлаше вредниот трофеј од Супербоул (Видео)

Објавено

на

Играчите на новиот шампион во НФЛ Лигата, Тампа Беј се уште лудо се забавуваат по убедливата победа на Супербоул против Канзас Сити.

Екипата од Флорида со високи 31:9 славеше против Канзас Сити обезбедувајќи го Ломбардиевиот трофеј по втор пат во историјата.

Клучен играч на Тампа Беј беше легендарниот Том Брејди кој потоа го привлече вниманието со неговата прослава. Играчите организираа голема прослава на отворено, на пристаништето во Флорида.

Детали и снимки од истата забава веќе почнаа да излегуваат по социјалните мрежи. На дел од снимктие се гледа токму Брејди кој во видно алкохолизирана состојба го слави големиот успех во својот нов тим.

Во една прилика тој го фрла Ломбардиевиот трофеј од едно пловило во друго, а на друга снимка се гледа како тој едвај стои на нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tampa Bay Buccaneers (@buccaneers)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни