Поврзете се со нас

Германија

Тухел за жестокиот фудбалски календар: Кога Ким ќе се разбуди наутро…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayernEN

Фудбалските тренери се почесто го истакнуваат густиот календар како сериозен проблем за фудбалерите, а последен кој зборувал на оваа тема е Томас Тухел.

Предводникот на Баерн Минхен го најавил следниот настап на Баварците во Бундеслигата, но зборувал и за притисокот кој го чувствуваат фудбалерите, посебно оние кои изминатите десетина дена имаа обврски и со своите репрезентации.

– Фудбалерите се ментално, емотивно и физички исцрпени.

– Сите селектори ќе го потврдат ова, нивните најдобри фудбалери доаѓаат на репрезентативните собири преморени. Поминуваат многу часови во авиони, автобуси, хотели, тоа е многу стресно.

– Ким се врати од Кина (од гостувањето во Кина со Јужна Кореја), Дејвис од Канада, само Господ знае каква временска разлика мора да поднесат. Кога Ким ќе се разбуди следново утро, веројатно нема да знае каде се наоѓа, – изјавил Тухел.

Баерн вечерва му гостува на Келн, а шампионот решил да патува на ова гостување денес, за да им овозможи на фудбалерите да поминат една дополнителна ноќ во своите домови во Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни