Поврзете се со нас

Свет

Трајковски со сезонски првенец во дресот на Ал Фејха (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Александар Трајковски го постигна својот прв погодок во Саудиска Арабија во новата сезона.

Трајковски беше стрелец на единствениот погодок за Ал Фејха во ремито од 1:1 против тимот на Дамак.

Нашиот офанзивец ја погоди мрежата на противникот во 65. минута од натпреварот во тој момент за израмнување на резултатот, нешто што подоцна ќе се покаже и како решавачки момент на средбата.

По проблемите поради повреда, Трајковски полека се враќа во натпреварувачки ритам и добива се поголема минутажа во Ал Фејха.

Останатиот македонски репрезентативец кој игра во Саудиска Арабија, Дарко Велковски одигра 91 минута во поразот на неговиот Ал Итифак од Ал Тае со 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни