Поврзете се со нас

АТП

Титула број 90 за Србинот: Совршениот Ѓоковиќ го излуде Циципас и му одржа тениска лекција

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ пред една седмица славеше на турнирот во Тел Авив и покажа дека долгата пауза не влијаела негативно врз неговиот ритам, а потврда за тоа добивме и со вториот триумф во низа на турнирот од АТП турот.

По славјето во Израел, Новак се упати кон Казахстан и имаше импресивна недела во Астана, каде денеска во големото финале не му даде никаква шанса на Стефанос Циципас.

Најголемиот предизвик го имаше вчера во полуфиналето во кое Данил Медведев контроверзно се откажа при резултат 1:1 во сетови, по што денеска излезе на теренот максимално фокусиран за надигрување и остварување на главната цел.

Изедначено беше на теренот се до 3:3 во првиот сет, по што Новак го подигна нивото и со три гејма во низа поведе со 1:0 во сетови против грчкиот тенисер.

Ноле изгледаше совршено на теренот и освои неколку поени со кои буквално го излуде Гркот, кој на крајот го заврши мечот во неверица поради недостаток на вистински решенија против Србинот. Во вториот сет му беше потребен еден брејк на Ноле за славје од 6:4, со што стигна до јубилејна 90-та титула во својата блескава кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни