Англија
Тери за ѕвездата која го замени Челси со Јунајтед: Приказната има две страни

Џон Тери се врати во Челси за да работи во Академијата на клубот и будно ги следи сите случувања и во првиот тим, во кој ова лето видовме безброј промени и многу нови фудбалери.
Лондонскиот клуб беше убедливо најактивен на трансфер пазарот, но не само кога се во прашање ангажманите, туку и кога станува збор за заминувањата.
Десетина големи имиња го напуштија „Стемфорд Бриџ“ ова лето, а еден од нив беше и детето на клубот, Мејсон Маунт. Маунт направи директен трансфер во ривалот Манчестер Јунајтед, а бидејќи тоа револтираше голем број фудбалски фанови на Челси, легендата сега побара да се гледа пошироката слика.
Тери потенцира дека Мејсон не е единствениот виновник за неговото заминување од клубот, бидејќи фановите не ја знаат другата страна која сепак тој не сакаше да ја открива.
– Мејсон е вистински човек на Челси и тоа никој не смее да го доведе во прашање. Кога се расипува една приказна секогаш има две страни, а јас ја знам и другата страна од приказната. Нема да откривам за што се работи јавно, но ве замолувам да не бидеме премногу остри и нападни кон него кога ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ со друг дрес, – вели Тери.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)