Поврзете се со нас

Репрезентација

Талески го издвои проблемот што треба да го решиме до ЕП

Објавено

на

Македонија ја продолжи победничката серија на контролните натпревари пред Европското првенство, па така откако двапати беше совладан Кувајт, четата на Кире Лазаров беше подобра од Израел со 31-28 во првиот од двата меча во Скопје.

Нашите ракометари имаа негатива од 15-14 по првиот дел, но во вторите 30 минути одиграа поквалитетно и дојдоа до триумф со кој дополнително ќе се зголеми самодовербата.

Секако има и работи кои мора да се поправат до Европското првенство, а тоа според Филип Талески се враќањето назад во одбрана, плус намалување на техничките грешки во нападот.

-Мислам дека мораме побрзо да се враќаме назад во одбрана. Тоа ни е слаба точка. Тоа што го анализиравме, се оствари на терен. Одигравме турбулентен дуел, во нападот имавме технички грешки кои мора да ги намалиме. Можеме да трчаме, ама мора да ја подобриме навиката за враќање назад во одбрана, -порача бекот на Вардар.

Нашата селекција ја очекува уште еден дуел со Израел кој исто ќе биде од затворен тип.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни