Поврзете се со нас

Англија

Талентот на Челси се посрамоти: Сакаше да се прослави, голманот „жива“ му ја фати (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Челси иако важеше да голем фаворит не успеа да издвојува победа на пријателската средба против Шарлот.

„Сините“ долго време водеа со погодокот на Пулишиќ или поточно се до 90 минута кога домаќините добија пенал кој го реализираше Риос за конечни 1-1. Ова значеше дека преку удари од 11 метри ќе мора да го добиеме победникот, а во таа серија единствениот кој не ја затресе мрежата беше Конор Галагер.

Играчот кој минатата кампања импресионираше во дресот на Кристал Палас (позајмица) се обидува да се наметне кај Тухел, односно конечно да добие вистинска шанса да го носи дресот на Челси.

Меѓутоа понекогаш можеше да изгорите во желбата, па така Конор со лукав потег се обиде да го реализира пеналот, ама неговата намера беше прочитана од домашниот голман кој скоро „жива“ ја фати таа топка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни