Поврзете се со нас

Англија

Солскјер смета дека Јунајтед примил гол од офсајд и го спореди Роналдо со Џордан

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, може да биде задоволен од ремито против Аталанта, посебно што неговиот тим го обезбеди бодот со гол во судиското продолжение.

По средбата, Норвежанецот очекувано ги пофалил и домашните фудбалери поради евидентните квалитети кои ги поседуваат, но имаше и забелешка на судиите, кои по ВАР проверката решија да го потврдат првиот гол на противникот, кој беше реализација на Јосип Иличиќ.

– Сметаме дека првиот гол е офсајд, мислам дека нивниот фудбалер влијаеше на прегледноста на Де Хеа.

– Нормално, никој не посакува прв да прими гол, а посебно не од офсајд, вообичаено Де Хеа би одбранил таква топка.

– За среќа го имаме Роналдо, тој е прв избор кога размислувате кој фудбалер да ја има последната шанса на натпреварот. Испорачува во такви моменти, сигурен сум дека и на Чикаго Булс не им пречеше што го имаа Мајкл Џордан. Понекогаш тимовите имаат одредени играчи и затоа Јунајтед е тоа што е и затоа Чикаго беа шампиони, – изјавил Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни