Поврзете се со нас

Свет

Скалони за неговата иднина како селектор на Аргентина: Ќе разговарам со Меси, ќе ја донесеме најдобрата одлука

Објавено

на

Лионел Скалони успеа да и донесе огромен успех на репрезентацијата на Аргентина, успех за кој долго време се сонуваше, бараше во земјата на „гаучосите“, но тој за краток период создаде група која испрача резултати во Копа Америка и на Светското првенство кое се одржа во Катар.

Токму поради ова изненадувачка, шокирачка беше изјавата дека размислува да ја напушти селекторската функција по мечот со Бразил. Оваа негова најава, размислување се уште стои и самиот Скалони открива дека по разговорот со капитенот Лионел Меси ќе ја донесе конечната одлука која ќе биде најдобра за репрезентацијата.

-Разговарав со Лео [Меси], ќе разговараме повторно за неколку дена и од таму ќе донесеме одлука, најдобрата одлука за репрезентацијата на Аргентина, што е најважно. Нема ништо лошо во раководството на АФА, разговарам со Тапија и имаме пријателски однос.

-Моите сомнежи не се во таа област, туку од нешто поврзано со фудбалот, размислување за тоа што доаѓа, дали се чувствувам добро и дали сум подготвен за тоа. Летвичката е високи поставена и ни треба многу енергија и сите да разберат што следува. Тоа е лична одлука и одлука на стручниот штаб, -порача Скалони.

Се очекува Скалони да остане да ја води селекцијата до 2024 година и Копа Америка.

Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни