Поврзете се со нас

Свет

Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/CONMEBOL

Потврдените и потенцијалните учесници на следното издание на Копа Америка утринава ги дознаа своите противници во групната фаза, на турнирот кој ќе се одржи во јуни и јули, 2024 година.

Актуелниот шампион Аргентина доби група во која се уште и Перу, Чиле и победникот од плејофот меѓу Канада и Тринидад и Тобаго, додека Бразилците ќе мора да се соочат со незгодната Колумбија, селекцијата на Парагвај и победникот од дуелот меѓу Коста Рика и Хондурас.

Американците како домаќини ќе бидат меѓу селекциите со реални шанси да обезбедат добар пласман, а во групната фаза имаат три ривали, предводени од најнезгодниот Уругвај, односно Боливија и Панама.

На ова издание на Копа Америка покрај десетте јужноамерикански репрезентации учествуваат уште шест „гостински“ селекции од Северна и Средна Америка, вклучувајќи ги Мексико и Јамајка кои се во групата Б.

Копа Америка ќе биде отворена на 20. јуни, кога во Атланта ќе се соочат Аргентина и победникот од плејоф дуелот Канада-Тринидад и Тобаго, а финалето ќе се игра во Мајами на 20. јули.

Плејоф натпреварите по кои ќе бидат потврдени последните две селекции се закажани за 23. март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни