Поврзете се со нас

Свет

Ситуација која е неповторлива: Единаесет години од потегот за ќотек на Балотели (ВИДЕО)

Објавено

на

Марио Балотели своевремено важеше за еден од најголемите европски и светски фудбалски таленти, но иако може да се пофали со импресивна биографија ако се погледат клубовите во кои настапуваше тој никогаш не ги достигна височините или поточно не го искористи потенцијалот што го имаше.

Причината за тоа беше неговата глава, фактот што го губеше неговиот фокус, правеше глупости, скандали… и сето тоа придонесе да не е развива, напредува, да има многу проблеми.

Листата на неговиот глупости е голема, ама една од оние кои се истакнуваат се случи пред 11 години кога како член на Манчестер Сити направи потег кој до ден денеска е неповторлив. Тој на пријателскиот меч против ЛА Галакси се најде во идеална позиција да шутира, даде гол, меѓутоа Марио се реши да прави циркус кој не поминува ниту на тренинг.

Един Џеко не можеше да поверува што се случува, а тогашниот тренер Роберто Манчини веднаш го повлече од игра и го стави Џејмс Милнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни