Поврзете се со нас

Англија

Синклер го нападна Португалецот: Роналдо постапи кукавички во дуелот со Де Брујне (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо одново мораше да се помири со дерби пораз на „Олд Трафорд“, откако тој и неговите соиграчи во секој елемент беа надиграни од Манчестер Сити на денешната пресметка со која стартуваше саботната програмата во Премиер лигата.

Португалскиот голгетер делуваше максимално изолирано на теренот и беше комплетно во аут поради техничката игра на противникот со многу кратки додавања, па очигледно тоа и го налути во самата завршница од мечот кога непотребно стартуваше над Кевин Де Брујне.

Роналдо доби жолт картон од судијата Оливер за задоцнетиот и непотребен старт, но и критики од поранешниот играч на Манчестер Сити, Тревор Синклер.

– Тоа што го направи Роналдо на крајот беше навистина евтино од негова страна. Стартот започна од Фернандеш, а откако падна на земја, Роналдо се упати кон него со намера. Тоа е знак на фрустрација од Кристијано.

– Се надевам дека Де Брујне е добар, бидејќи стартот беше навистина лош и непотребен. Кукавички старт, а не му е прв. Истото го направи и со Џоунс против Ливерпул. Има победнички менталитет и не сака да губи, се гледа дека не знае да губи, – порачува Синклер за „Ток Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни