Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд се огласи и испрати порака, Овен имаше што да каже за одлуката на Саутгејт

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд не се најде на поширокиот список на англискиот селектор Герет Саутгејт за Европското првенство што ќе се одржи во Германија.

Рашфорд беше редововен во националниот тим, но Саутгејт за овој голем настан се одлучи да го изостави, а одлуката ја објасни со тоа што порача дека има подобри играчи од него, односно асови кои се во подобра форма.

Ова Маркус го прифати и со едноставна порака им посака среќа на колегите.

-На Герет и на момците им посакувам се најдобро за престојниот турнир, -напиша Маркус.

Легендарниот Мајкл Овен пак смета дека Герет направил грешка со овој потег.

-Многу сум изненаден што Герет Саутгејт го изостави Маркус Рашфорд од неговиот тим. Да тој имаше лоша сезона според неговите стандарди, но фудбалот на турнирите е поинаков и тој секогаш бил уверлив во дресот на Англија. Имаме многу талентирани напаѓачки играчи, но многу малку со брзината на Рашфорс. Во толку голем тим, тој вредеше за ризикот, -порача Мајкл.

Саутгејт направи избор, на поширокиот список ги нема Рашфорд и Хендерсон (ФОТО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни