Поврзете се со нас

Англија

Кој може да го замени Покетино на кормилото на Челси? Ова се кандидатите!

Објавено

на

Фото:twitter.com/ChelseaFC

Челси имаше добра завршница на сезоната, па дефинитивно беше изненадување веста дека менаџерот Маурисио Покетино си заминува од „Стемфорд Бриџ“ и тоа по само една година.

Се очекуваше ова да биде повеќегодишен проект во кој Аргентинецот ќе има главна улога, но управата смета дека е потребна промена што значи дека составот од Лондон одново ќе почне од нула што дефинитивно може да биде проблем.

Останува да се види кој ќе седне на жешкото столче, а „Гол“ излезе со топ листа меѓу кои може да се бара наследникот на Покетино.

На истата се стратези како Жозе Мурињо, Томас Тухел, Масимилијано Алегри, Роберто Де Ѕерби кои се слободни агенти, но и тренери кои се под договор со актуелните клубови како Себастијан Хенес од Штутгарт, англискиот селектор Герет Саутгејт, Мичел од Џирона, Енцо Мареска кој успеа експресно да го врати Лестер во ПЛ, Томас Франк од Брентфорд и Киран МекКена кој со Ипсвич направи голем резултат, тим кој успеа да го врати во англиската елита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни