Поврзете се со нас

Светски првенства

Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес

Објавено

на

Шведскиот голгетер на Милан, Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во селекцијата на „викинзите“ за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.

Ибрахимовиќ веќе долг период не е дел од шведската репрезентација, а пред извесен период се појавија информации дека тој ќе се врати во селекцијата.

Шведските медиуми утрово објавија дека Ибра и дефинитивно ќе се најде на списокот на селекторот на репрезентацијата, Јане Андерсон.

Конечниот список ќе биде објавен на 18 март и на истиот со сигурност ќе се најде Ибрахимовиќ кој игра во врвна форма во Милан.

На натпреварот со Грузија кој е прв во квалификациите за Шведска, Ибра ќе го забележи својот прв репрезентативен натпревар по пауза од цели пет години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни