Поврзете се со нас

Англија

Саутгејт има договор со играч на Јунајтед: Не сака да игра за Англија додека не се докаже во Манчестер

Објавено

на

Герет Саутгејт вчера селектираше за претстојните натпревари кои ќе ги има Англија во месец ноември, а како по обичај, секоја негова објавена листа на фудбалери предизвика низа реакции во јавноста и многу коментари за изборот.

Саутгејт ги врати во списокот Маркус Рашфорд и Александер Арнолд, но повторно ги прецрта Џејдон Санчо и Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед, а дополнително зборуваше и за ситуацијата на Мејсон Гринвуд која е навистина необичан.

Гринвуд кој дебитираше за Англија во првиот дел од оваа година, едноставно не добива повик за репрезентацијата откако не се најде во конечниот список за Европското првенство, па Саутгејт сега откри дека има интерен договор со самиот фудбалер и неговото семејство и тоа е причината поради која не го повикува.

– Имам постигнато дговор со Гринвуд да не го повикувам до 2022-ра година. Постигнавме таков договор со него и неговото семејство на почетокот на месец септември. Ќе почекаме до натпреварите кои ќе следат наредната година.

– Причината е едноставно. Тој сака да се докаже и да се етаблира во тимот на Манчестер Јунјатед, а после тоа секако ќе биде многу блиску и до англискиот тим. Тој сака да игра за Англија, но најпрво сака да се етаблира во својот тим. Не го избегнуваме Мејсон, едноставно сметаме дека ќе дојде времето за тоа да биде дел од најсилниот тим на Англија. Тој самиот го побара тоа, – открива Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни