Поврзете се со нас

Германија

Сане се преиспита после глупоста која ја режираше, Нагелсман го опомена: Треба да биде попаметен (Фото)

Објавено

на

Foto: Philipp Reinhard/DFB

Германија го запиша шестиот пораз во 2023-та година и го повтори „црниот рекорд“ со шест неуспеси во една календарска година, што доволно говори во колку лоша состојба е тимот кој неодамна го презема Јулијан Нагелсман.

По возбудливиот старт, следеа два порази во изминатите неколку дена, а горчината ќе биде уште потешка за поднесување бидејќи поправки за грешките ќе има дури во месец март 2024-та година за кога е закажан следниот репрезентативен прозорец.

Поразот од Турција на домашен терен беше најава на она што вчера се случи во Виена, каде Германците беа поразени со 2:0 во натпревар кој мораа да го доигруваат со човек помалку на теренот.

Лерој Сане заработи директен црвен картон за непромислен и нервозен потег, а откако сфатил што направил, фудбалерот на Баер Минхен им се извинувал на соиграчите во соблекувалната.

– Вечер за заборав во Виена. Им се извинив на соиграчите во соблекувалната за акцијата која ја имав. И покрај сите мои емоции и амбиции, ова не може да ми се случи, особено не со оглед на нашата моментална ситуација. Им се извинувам и на нашите фанови, имаме многу работа за да ја направиме 2024 година успешна за нас, – порача Сане, а се огласи и селекторот Нагелсман.

– Лерој зборуваше со тимот во соблекувалната и се извиини за тоа што го направи. Сметам дека е правилно тоа што го направи со соиграчите, но не го оправдувам неговото однесување на теренот. Ја загуби контролата и тоа не смее да се случи. Требаше да биде попаметен и да изнуди црвен картон за ривалот, а не за себе, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни