Поврзете се со нас

Англија

Руни за нелогичниот потег на Јунајтед: Бев уништен, со него одевме на прав пат!

Објавено

на

Вејн Руни во повеќе наврати има нагласено дека Манчестер Јунајтед не може да го пронајде вистинскиот пат по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, но како што вели тој, кога тимот бил блиску да го направи тоа, клубот се одлучил за неочекуван потег.

Поранешниот капитен на тимот и актуелен играч-менаџер на Дерби смета дека Јунајтед направи голема грешка со отказното решение кое му го врачи на Луи Ван Гал, искусниот холандски стручњак кој беше отпуштен по освоената титула во ФА Купот на крајо од својата втора сезона на „Олд Трафорд“.

Ван Гал беше заменет од Жозе Мурињо во 2016-та година, а тоа дефинитивно тешко го прифатил Руни кој претходно има нагласено дека Холанѓанецот е тренерот од кого најмногу научил во фудбалот, повеќе и од Сер Алекс Фергусон.

– Бев уништен кога го отпушија Ван Гал. За мене лично, беше неверојатно задоволство да се работи со него. Мораше да го оставиме и да му дадеме трета сезона, ќе бевме многу посилни и подобри со него, одевме на прав пат. Работите се поправаа и играчите почнаа да ги разбираат неговите методи и неговата визија.

– Во тие две години, научив повеќе од времето минато со било кој друг менаџер. Затоа секогаш ќе му бидам благодарен, не само за тоа што ме направи капитен, туку и за вербата која ја имаше во мене. Не можев да имам подобар пример од него во моменти кога размислувам за менаџерска кариера, – изјави Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни