Поврзете се со нас

Англија

Галас: Челси не згреши со Хаверц, но…

Објавено

на

Челси има една турбулентна сезона која на крајот може да заврши позитивно со излез во Европа, поточно куповите како Лига Европа или Конференциска лига.

Амбициите секако беа повисоки, меѓутоа плановите не се остварија и останува да се види каква на крајот ќе биде судбината на тренерот Маурисио Покетино, но и на дел од играчите.

Легендата на „сините“, Вилијам Галас даде свој коментар за дел од фудбалерите кои беа продадени од клубот, односно даде став дали дел од нив требало да останат на „Стемфорд Бриџ“.

-Каи Хаверц имаше добра сезона во Арсенал, но не постигна доволно голови за да ја оправда својата цена. Челси не згреши што го пушти да си оди. Од друга страна ангажманот на Каиседо и Фернандез го истурка Ковачиќ. Сепак, на младите играчи од средниот ред им требаат искусни играчи како Ковачиќ. Челси требаше да го задржи барем уште една сезона за да им помогне на младите играчи да напредуваат, -порача Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни