Поврзете се со нас

Италија

Крај на приказната: Јувентус го отпушти Алегри

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Италијанскиот фудбалски стратег, Масимилијано Алегри не е повеќе тренер на калчолигашот Јувентус.

Клубот од Торино ја информираше јавноста дека е завршена соработката со Алегри, а како причина е наведена неговото однесување за време и по финалето на Купот со Аталанта, меч кој старата дама го доби и го освои пехарот во ова натпреварување.

Алегри беше навистина нервозен за време и по дуелот на „Олимпико“, беснееше во финишот на клупата, потоа имаше конфликт со оперативецот Џунтоли, а се закачи и со директорот на „Тутоспорт“.

Ова за Макс беше втор мандат на клупата на Јувентус, мандат во кој освои само еден пехар. Во првиот период од 2014 до 2019 година му донесе на клубот 11 титули.

Паоло Монтеро се очекува да ја води екипата до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни