Поврзете се со нас

Европски првенства

Руни го посочи првиот фаворит за титулата на ЕП: Многу се силни како група, не гледам екипа која може да ги победи

Објавено

на

Се поблиску сме до најзначајниот фудбалски настан за оваа календарска година-тоа е Европското првенство кое од 11 јуни до 11 јули ќе се одигра во 11 градови ширум стариот континент.

Ова ќе биде настан кој со посебно внимание ќе се прати и во Македонија затоа што нашиот национален тим ќе дебитира на големите натпреварувања. Наша желба е да ја поминеме првата фаза, па останува да видиме дали ќе можеме да ја реализираме, оставриме таа цел.

Од друга страна пак има селекции кои имаат високи амбиции и кои не кријат дека сакаат да бидат шампиони, па така своја прогноза на оваа тема даде Вејн Руни кој верува дека Франција ќе биде нов шампион на Европа.

-Франција е без конкуренција. И индивидуално и како тим. Mбапе, Канте, Бензема, Гризман, Погба, Варан, Лорис. Да замрзнете кога ќе ги прочитате тие имиња. На тоа додадете го фактот дека тие се актуелни светски шампиони и јасно ви е дека тешко дека можете да ги загрозите.

-Тие имаат толку многу sвезди и никој не размислува на начин „јас треба да се прославам“. Тие се силни како група и тоа е дело на Дидие Дешамп. Од оваа перспектива, не гледам кој тим би можел да ги победи, -рече Руни кој исто верува дека Англија може далеку да стигне на турнирот.

-Имаме одличен тим. Ние сме во рангот на Белгија и Португалија. Можеме да одиме далеку, но повторувам дека Франција има најголеми шанси за титулата, -заклучу легендата на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни