Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски: Срамота е да играме на ваков терен, ова се повеќе од три бода

Објавено

на

Македонската репрезентација не блескаше, но ги освои трите бода на дуелот со Ерменија и со тоа на најдобар можен начин го отвори новиот циклус во Лигата на нации.

Дуелот на националната арена „Тодор Проески“ го добивме со 2-1 и тоа при навистина тешки временски услови, но според играчите голем проблем бил и теренот кој бил во катастрофална состојба, па затоа оваа победа е вредна повеќе од три бода.

-Ќе бидам краток. Сакам да им честитам на момците, ова за мене не се три бода, имаат вредност на злато. Можеби од страна, не изгледаше добро фудбалски, ама на ваков терен тоа не е возможно. Ако треба да играме на ваков терен, тогаш со време нека ни кажат да одиме и играме на друг стадион. Ова е срамота! Зборуваме за Македонија која сакаме да игра на Европско првенство! Ние со недели сме затворени во карантини за да дојдеме и да ‘изгинеме’ во националниот дрес и не пречекуваат со ваков терен. Пак ќе повторам за мене ова е повеќе од три бода и им честитам на момците, -порача Стефан Ристовски кој ги одигра сите 90 минути.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни