Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти откри во какво издание ќе се појави на шампионската прослава на „Сибелес“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти ја одложи шампионската прослава на Реал Мадрид на крајот на минатиот викенд, а причина за тоа беше супер важниот натпревар против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Со цел тимот да остане максимално фокусиран и посветен на полуфиналето со баварците, италијанскиот стручњак не дозволи прослава на титулата во саботата, па како што беше најавено, шампионската прослава ќе се одбележи денеска на „Сибелес“.

Реал Мадрид во меѓувреме го елиминираше Баерн и се пласираше во големото финале на „Вембли“, а вчера ја победи и Гранада и во фантастично расположение ќе го слави новиот трофеј во Ла Лига.

„Кралевите“ по 36-ти пат се национални шампиони и денеска ќе има прослава на плоштадот „Сибелес“, каде Анчелоти најави дека ќе се појави во слично светло како пред две години, односно со пура во раката и очила за сонце.

– Повеќе или помалку, ќе ме видите во исто светло. Со пура и со очила, ќе биде речиси исто, – најави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни