Поврзете се со нас

Шпанија

Познато е кога Меси ќе донесе одлука за неговата иднина

Објавено

на

Лионел Меси е во последните месеци од актуелниот договор со Барселона, па тоа нови многу прашања, дилеми за тоа дали ќе остане во сегашната средина или пак ако си замине за кој клуб би потпишал.

Во минатото многу се говореше за Интер, потоа за Манчестер Сити каде е Пеп Гвардиола за да во последните неколку месеци ПСЖ се издвои како прв фаворит според медиумите.Таква слика дека Меси е најблиску до Париз даваат и изјавите на многу луѓе од таборот на „светците“, од управата, па се до тренерот и играчите, меѓутоа според специјалзираниот сајт за фудбал „Гол“ има само една вистина.

Според „Гол“, медиум за кој минатото лето Меси даде екслузувно интервју во кое обелодени дека ќе остане во Барса и ќе го одработи договорот до крај, Аргентинецот немам никакви контакти ниту со ПСЖ, ниту со Сити, ниту со некој друг клуб иако има право да преговара со оглед на тоа што е во последните шест месеци од договорот.

Капитенот на каталонците нема намера да донесе никаква одлука до крајот на сеозната, односно тој ќе биде оној што ќе ја соопшти таа вест кога ќе дојде време.

Ова значи дека сите други информации во медиумите се само гласини, поточно ќе треба да се почека за потегот на Лео за тоа дали ќе остане верен на Барса или ќе отвори нова страница во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни